ВИДЕО | Јакимовски: Со Бугарите не може да се преговара за историја затоа што тие историјата ја толкуваат како сакаат

Претседателот на Граѓанската опција за Македонија која е дел од коалицијата „За обнова на Македонија, Стевчо Јакимовски на протестот пред македонската Влада, порача дека во овие ладни денови се собираат за да го спречат националното предавство кои што неколкумина во Владата сакаат да го направат на Македонија и на македонскиот народ.

Јакимовски истакна дека со Бугарите не може да се преговара за историја затоа што тие историјата ја толкуваат како сакаат во зависност од околностите, како на пример кога требаа да платат репарација за окупацијата на Македонија тие го даваа и Цар Самоил дека е македонски Цар, за Заев сега на тацна го направи бугарски.

-Тоа само кажува како им одговара, така си ја толкуваат историјата. Кога требало да плаќаат 25 милиони долари репарации, само за окупацијата на Македонија, што денеска е еквивалент на 25 милијарди долари. Пиринска Македонија ја давале да се приклучи кон Југуславија затоа што не ја сметале за нивна, секогаш нас Македонците не сметале за своја монета за поткусурување-рече Јакимовски.

Целото обраќање на Јакимовски проследете го во видеото: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот