ВИДЕО | Изрендајте 1 тиквичка и 2 компири и ќе ги добиете највкусните палачинки

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Тиквичките се омилен летен зеленчук, особено за оние што се на диета. Околу 250 грама тиквички содржи само 19 калории. За да ви биде појасно, тоа е дури 40 до 50 отсто помалку калории во споредба со истото количество нискокалоричен зеленчук, како што е брокулата.

Зборувајќи за тиквичките, добиваме идеи на претек, а денеска ви го претставуваме рецептот за солени палачинки од тиквички и компири.

Состојки:

– 1 тиквичка
– 2 компири
– 1 главица кромид
– масло и сол
– 3 јајца
– 200 мл млеко
– 130 грама брашно
– малку прашок за печиво
– магдонос

Подготовка:

Тиквичките и компирите изрендајте ги, посолете ги и оставете ги настрана. Кромидот ситно исечкајте го, претходно пропржете го и оставете го да се излади.

Во поголем пластичен сад изматете ги јајцата, млекото, брашното, прашокот за печиво, магдоносот, ренданата тиквичка и компирите, а потоа и кромидот.

Сè убаво измешајте, а потоа палачинките испржете ги во тава со малку масло.

Можете да послужите како појадок, ручек или вечера – топло и здраво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот