ВИДЕО: Изгоре куќа на тетовското Кале, единствениот објект кој имаше постојан станар

Фото: Слободен печат

Пламените јазици денеска речиси целосно го проголтаа објектот на Жарко Ананчески од Тетово во викенд населбата на тетовското Кале. Вели дека од денеска останал без неговиот прв дом, оти повеќе е не Калето, отколку во градот.

„Не е викендица ова, јас повеќе живеам овде во овој објект. Јас чувам тука преку лето и стока, на горниот дел имав 200 бали сено може и повеќе. И чекав да дојде пролет за да чувам стока. Ова за мене има големо значење, 90 % сум овде и овде спијам“, рече Жарко Ананчески.

Пожарот избувнал од горниот кат од објектот, каде Ананчески чува сено за стоката која секоја година ја купува на пролет, а пред зимата ја продава.

“Од горниот дел избувнал пожарот така ми кажаа. Штетата е голема, се` е уништено. Од деветесетите наваму е објектот, јас сум од овде од село Лавце, овде ме влече да доаѓам, од овој крај потекнувам, рече Жарко Ананчески.

Вели дека ќе ја обнови куќата, а се надева на помош од општинските власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот