ВИДЕО | Ивоби со гол во 97. минута го сруши Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Во драматичен натпревар Манчестер Јунајтед беше поразен од Фулам на свој терен со 1:2.

Не беа избраниците на Ерик Тен Хаг на нивото на кое се очекуваше, па така Фулам по нешто повеќе од еден час игра го отвори резултатот и поведе во натпреварот. Стрелец на голот беше Бесеј.

Таа предност на гостите беше актуелна се до завршницата. Хари Мегваер се најде на вистинското место и погоди за изедначување во 89. минута. Во тие моменти изгледаше дека Манчестер Јунајтед сепак ќе го избегне пораз, меѓутоа одбраната на „црвените ѓаволи“ капитулираше уште еднаш.

Алекс Ивоби во седмата минута од судиското продолжение ја затресе мрежата на домаќините за големо славје на Фулам и разочарување на „Олд Трафорд“. Посебно разочарува што овој пораз за Јунајтед доаѓа во период кога тимот играше во добра форма и врза четири победи во низа во Премиер лигата.

Треба да се спомене и дека Тен Хаг во денешниот натпревар не можеше да смета на Ерлинг Хојлунд кој се повреди на тренинзите пред овој натпревар. Хојлунд играше во одлична форма и и постигнуваше гол на последните шест натпревари за Јунајтед, па неговото отсуство денес можеше да се почувствува на теренот.

Астон Вила во најефикасниот натпревар попладнево забележа победа од 4:2 против Нотингем Форест. Брајтон со голот на Данк во 95. минута избегна пораз од Евертон (1:1), додека Кристал Палас беше сигурен и го совлада Барнли со 3:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот