Јана Гавриловиќ/Инстааграм

ВИДЕО | Историски момент во Србија: За првпат жена коментираше фудбалски натпревар

Хофенхајм во рамки на 18. коло од Бундеслигата на домашен терен го совлада Бајер Леверкузен со 1-0, но овој натпревар ќе остане запаметен кako историски момент во телевизиските преноси во регионот.

Натпреварот на „Арена Спорт“ влезе во аналите благодарение на Јана Гавриловиќ, која стана првата жена што во живо коментирала натпревар од елитното ниво на европскиот фудбал во Србија. Арена спорт ѝ ја даде довербата на поранешната фудбалерка, која по завршувањето на играчката кариера успешно го продолжи професионалниот пат зад микрофонот.

Во текот на сите 90 минути, Гавриловиќ со голема енергија и одлично познавање на играта ги пренесуваше случувањата на теренот, со што испиша нова страница во историјата на спортските ТВ-преноси и застана рамо до рамо со своите машки колеги.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Arena Sport TV (@arenasporttv)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот