ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Роберт Поповски: Функционерите да одговараат за секој денар, институциите мора да бидат потранспарентни

Роберт Поповски - национален координатор за одговорно владеење и транспарентност / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Треба да го смениме менталитетот на однесувањето. Граѓаните имаат право да знаат повеќе за работата на институциите. Пет години од владеење на оваа политичка гарнитура донесе сериозен позитивен пресврт во однос на отвореноста на институциите пред граѓаните. До 2017 година не стануваше ни збор за отвореност, но тогашната влада и институциите беа оценувани како последни во регионот по транспарентноста. Низ годините, состојбите се променија и сега сме лидери во отчетноста при работата на институциите во земјите од Западен Балкан. Сепак тие резултати од една страна значат, но од друга страна обврзуваат, бидејќи според мене не се доволни и мора да се работи многу повеќе на оваа тема. Ова меѓудругото го истакна при гостување во емисијата „Утрински печат“ Роберт Поповски националниот координатор за одговорно владење и транспарентност во владата.

– Нашата влада е единствена која има отворен буџет. Сите трансфери од буџетот се јавни и секој граѓанин може да ги види и истите се надополнуваат на секои петнаесетина дена. Меѓутоа не можете вие како општество да очекувате промени во однесувањето или сериозен чекор нанапред доколку политичката волја на само еден сегмент од општеството е таква која сака да биде транспарентна – истакна Поповски.

Говорејќи околу тоа зошто не е обновена Алатка за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции на која можеше граѓаните да гледаат колку пари за службени цели потрошиле македонските функционери, Поповски додаде дека се работи на возобнова на оваа платформа за транспарентност.

– Секој што е избран и именуван функционер, има одговороност секој денар да го образложи каде го потрошил. Таа алатка се пополнуваше редовно а овој сегашен застој има и објективни и субјективни причини. Објективните состојби за неработата на оваа алатка се ковид-кризата, состојбите во Украина и други. Сето тоа се одразува на работата на оваа алатка. Но факт е дека беше објавен еден извештај на оваа тема неодамна и очекувам во многу скоро време да биде објавено трошењето и за новиот владин кабинет – истакна Поповски.

Координаторот за одговорно владење и транспарентност Поповски истакна дека ние како општество мора да одлучиме како ќе се справиме со корупцијата.

– Во оваа владеачка структура нема затскривање на поткупливоста. Некој ако се сомничи за нешто тој ќе се докажува пред институциите на системот. Можеби многу луѓе и неправедно се теретат, меѓутоа има систем има институции каде тоа што се докажува – посочи Поповски. Тој додаде дека ако клучниот систем а тоа е правосудниот во државата е на климави нозе тешко ќе може да другите институции да превземат нешто повеќе за корупцијата.

Роберт Поповски во разговорот во студиото зборуваше и за последниот извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации во кои се оценети дел од институциите за нивната транспрентност и очетност. Понатму стана збор и за користењето на социјалните медиуми од страна на јавните функционери и институции дали сегашната нивна застапеност е доволна или не, корупцијата, партизираноста, но и  за други теми.

Повеќе од разговорот со Роберт Поповски погледнете го во видеото во продолжение..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот