ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Политичко зреење на Бошњаците во регионот и Македонија

Фото Слободен печат

Историско-политичкиот аналитичар Адмир Лисица од Сараево во „Утрински печат“ говореше за улогата на Бошњаците во глобалните политички процеси, за идентитетската борба на оваа на нација и за нејзиното политичко зреење низ најзначајните политичко-правни случувања во Босна и Херцеговина, но и во регионот.

Во неговата деновиве промовирана историографска книга „Политичкото зреење на една нација“ тој се осврнува на предизвиците со кои се соочувале и се соочуваат Бошњаците во опкружувањето на нивното негирање низ историјата како посебна нација и борбата за артикулирање на нивниот идентитет.

Лисица во разговорот и за перцепцијата колку македонските Бошњаци се етаблирани во државата и во институциите на системот, како и препораки како да се држат до сеопштата „бошњачка стратегија“ на единство.

Претседателот на СДА во Македонија, Џело Хоџиќ кој истовремено е и втор човек во владината Агенција за остварување на правата на заедниците, исто така беше дел од утринскиот разговор и се осврна на улогата што ја има бошњачката заедница во државата, во зачувањето на стабилноста на земјата и за кооперативноста на Бошњаците во решавање на суштински општествени прашања.

„Лојалноста на една заедница е правопропорционална со лојалноста на државата кон неа. Кај нас овие два предуслова се исполнети“, вели Хоџиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот