ВИДЕО ИНТЕРВЈУ Орце Данчевски: Шахот е најдобрата игра за нашите деца

Орце Данчевски гостин во Утрински печат ФОТО: Принтскрин

Беше навистина тешко да се убедат надлежните за да се воведе шахот во образовниот систем, вели Орце Данчевски, по чија програма од оваа училишна година, шахот е факултативен предмет во прво и во второ одделение во основните училишта во Македонија.

– Првиот обид го имавме во 2011 година, кога по препорака на ЕУ шахот мораше да влезе во образовниот процес. И тогаш се направи обид шахот да влезе во шесто одделение и тоа као дел од предметот физичко образование. Но тоа се покажа како лошо решение. Минатиот август по иницијатива на Шаховската федерација на Македонија, стапивме во контакт со Министерството за образование и на наше големо задоволство програмата што ја испративме беше прифатена. Иако имавме краток период, сепак успеавме да се организираме и да им одржиме обука на наставниците од прво и второ одделение, но со можност шахот да продолжи и во трето и четврто – вели Данчевски во Утрински печат.

Тој е задоволен што околу 200 наставници го посетиле неговиот курс, но свесен е за тоа и дека кај дел од наставниот кадар има отпор.

– Постои истражување кое ни открива дека децата кои имале предавање по шах наместо еден час по математика, потоа имале подобри резултати токму по математика, споредбено со своите врсници кои го имале тој час повеќе по истиот предмет. Во основното учичиште „Јахија Ќемал“, каде што јас предавам шах од прво до шесто одделение, искуството ни покажува дека децата по часовите по шах подобро читаат и подобро пресметуваат – тврди Данчевски.

Целото интервју со интернационалниот шаховски мајстор погледнете го на наредниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот