ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Лукаревска: Денес почнуваме со голема акција на УЈП и Финансиска полиција кај еден даночен обврзник

Сања Лукаревска, директор на УЈП/Фото: Слободен печат

Од денес почнуваме со голема акција заедно со Финансиска полиција кај еден голем даночен обврзник- објави Сања Лукаревска, во интервју за Слободна ТВ. За детали не сакаше да зборува и се повика на даночна тајна но се надева дека ќе има соработка од страна на даночниот обврзник.

– Точно е дека се подготвува акција со која почнуваме денес. Не би зборувала за кој даночен обврзник станува збор поради даночната тајна, но овде подолго време правевме анализи, ќе спроведеме попис. Малку е специфична дејноста на која ќе работиме денес, се надевам соодветно дека ќе имаме резултати. Се контролира само еден даночен обврзник- вели Лукаревска.

За Утрински печат Лукаревска рече дека најмногу неисплатени плати годинава за февруари и март има кај транспортерите, рестораните, козметичките салони и адвокатите.

– Ако ги погледнеме минатогодишните податоци ова се дејности кај кои се повторува состојбата со неисплатени плати. Проблемот мора системски да се решава, треба поригорозни мерки, опомени и блокади- вели Лукаревска

Во интервјуто зборувавме за нејзината функција Заменик на претседателот на СДСМ, за жените во политиката, за тоа дали е дојдено време конечно Северна Македонија да добие жена претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот