ВИДЕО ИНТЕРВЈУ Хајредини: На времето немаше шанса да ургирам да поминат камиони на царина и по цена да не бидам министер!

Џевдед Хајредини/Фото: Слободен печат

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини е чест критичар на економските текови и на буџетите. Во моментов во собраниска процедура е Предлог-буџетот за 2023 година. На приходната страна Буџетот ќе тежи 4,6 милијарди евра, или 12,6 проценти повеќе од сегашниот, а на расходната 5,3 милијарди евра или 14,8 проценти повеќе.

Хајредини вели дека на расходната страна не може да види каде се 230 -те милиони евра кои се најавени за справување со актуелната криза. Според него во Буџетот има надуени економски прогнози, но и не може да се види борбата со корупцијата, иако сме на високо место по корупција заедно со Етиопија и Колумбија.

Хајредини објаснува дека популистичките прогнози се и поради тоа што министрите за финансии се поставени од страна на шефовите на партиите од каде што доаѓаат.

Во разговор за „Слободна ТВ“, го прашавме Хајредини како тогаш тој работел во време кога бил министер, и каков буџет би предложил сега, кога би бил на министерската позиција.

– Не бев под ничиј притисок да објавувам повисоки стапки, сум успевал кога се подготвува буџетот и кога се расправа за него и кај премиерот да го наметнам тоа. Не сум настапувал популистички, па по цена утре да не бидат министер! Јас имав најмала плата кога бев министер. Можев со друга работа да имам легални приходи за пристоен живот. Сум се довел во прилика и да ми кажат од партијата дека ќе бараат интерпелација и сум им одговорил: Па барајте! Па не може јас да ургирам на Царина некој камион да помине. А сега каква состојба имаме? – вели Хајредини.

Целото ВИДЕО-ИНТЕРВЈУ со поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини погледајте го во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот