ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Галевски: „Соул- Крафт“ црквата е замислена да биде инклузивен младински центар без бариери и ограничувања

Никола Галевски/Фото: Слободен печат

„Слободен печат“ во поддршка на верските заедници во Македонија. Без разлика дали верувате во себе или во Господ, Алах, Синот и Светиот дух, се водите по Куранот, Библијата или Светото писмо, на крајот сте сепак човек, кој е дел од една заедница. Православен, муслиман, скиентолог, бектеш, дервиш, евангелист, католик или јудеист. Сите заедно треба да градат соживот и да се разбираат и да се прифатат меѓу себе. „Слободен печат“ ќе се обиде преку запознавање на религиите, да одговори на прашања кој како го слави Господ, кој што празнува, во што верува, како ја следи верата. Целта е да се запознаеме себеси, но и соседот, пријателот, познајникот кој е припадник на друга верска заедница или црква. Преку серијал од десетина епизоди се надеваме дека ќе придонесеме подобро да се запознаеме меѓу себе и да сфатиме дека на крајот сите сме исти.

Никола Галевски е припадник на „Соул Крафт“ -евангелската црква. За црквата објаснува дека е современа црква и сака да бидеат црква во која секој народ, секој човек од која било етничка припадност и каква било дури и идеолошка припадност, ќе може да дојде кај нив, да поразговара и да има можност да се запознае личноста да се зборува за животот, за смртта, но и за се што не опкружува.

Никола Галевски/Фото: Слободен печат

-Ние сакаме да бидеме црква во која секој народ, секој човек од која било етничка припадност и каква било дури и идеолошка припадност, ќе може да дојде кај нас, ќе може да се запознаеме, да поразговараме и да има можност да се запознае личноста за што всушност станува збор во животот, за смртта и за воскресението на Исус Христос, но и на пошироки теми- вели Галевски.

Тој објаснува дека тие како припадници за црква што е современа, се стремат кон интердисциплинарен пристап, посебно на книги од психологија.

Никола Галевски/Фото: Слободен печат

-Ние сметаме дека секој и сечија експертиза е богатство, како што и вашата новинарска експертиза ни е драга, и во таа смисла, одредени проблеми сакаме да ги опфатиме од повеќе агли, подлабински, и да дадеме, да кажеме, во овој конкретен случај и таков тип поддршка, со нашите редовнин богослужби. Ова е и замислено да биде и еден младински центар, инклузивен младински центар. Тоа е нашата идеја, значи да се кршат бариерите, да немаме ѕидови. Еве, гледате дека кај нас тука имаме отворени излози, транспарентно, да се дружиме и да градиме традиција на соживот и убави односи со сите- вели Галевски.

Целото интервју на нашата колешка Агнеса Чаволи погледнете го во продолжение: 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот