д-р Аспазија Софијанова/Фото: Слободен печат

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Д-р Софијанова: Починатото бебе од Прилеп беше примено во многу лоша состојба

Бебе старо десет  дена почина минатата недела од сепса на Клиниката за детски болести во Скопје, каде една недела претходно во тешка состојба било донесено од  прилепската болница. Во утринската емисија “Слободен печат“ на Слободна ТВ ја прашавме д-р Аспазија Софијанова како е можно здраво родено бебе да добие сепса со фатални псоледици?

– Случајот со бебето од Прилеп не запраша сите колку сме спремни да се соочиме со одредени предизвици вклучувајќи ги и овие. Секој сака здраво семејство, но тоа не значи само раѓање на бебето. Ова дете било родено со 10 апгар, така се мери кондицијата на бебе кога ќе се роди. Бебето е родено здраво и мајката вели дека било во одлична здравствена состојба. Кај нас е примено во многу лоша состојба. Во Прилеп треба некој да каже што се случувало таму- вели Софијанова.

Таа објаснува дека според мајката, таму се појавила бебешка жолтица и тоа и било кажано на мајката. Бебето е задржано на набљудување. Таму се зрачи и по зборовите на мајката имало кислородна поддршка.

-Податокот кој го дава мајката укажува на некакви проблеми. Со новороденото нема играње. Мора да се води сметка. Ако треба кислород се праќа на друго ниво. На интензивна нега. Кај нас дојде во многу лоша состојба. Колешката која го прими кажа дека е многу комплексна состојба. Дека има проблеми со дишењето, детето го ставивме на неинвазивна вентилација. Имаше едеми, видовме дека има проблем со циркулација и после беше интубирано. Утврдивме биохемиски дека има токсини на бактерии во крвта, вредноста беше 30, а треба да е 0,2- вели Софијанова.

Целото интервју со д-р Аспазија Софијанова можете да го погледнете во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот