Кардиолог

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | д-р Ристовски: Најмладиот пациент со вграден стент има 25 години, а најстариот 90 години

Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смртноста во земјава, но и во светот. Во светски рамки се број пред канцерогените заболувања. Статистиката вели дека 17, 8 милиони пацинети во светски рамки директно умираат како последица од овие болести. Тука спаѓаат акутниот миокарден ифаркт и останатите болести на срцето. За инфарктите, проблемите и симптомите кои се појавуваат како предвесник на инфарктот, но и за симптомите кои се појавуваат Во Утрински печат на Слободна ТВ зборувавме со д-р Владимир Ристовски, специјалист интернист, субспецијалист кардиолог од ГОБ „8-ми Септември“.

– Кардиоваскуларните заболувања се број еде по сртност во земјава. Годишно во ЕУ од инфаркти умираат околу 4,5 милиони луѓе. Од нив 75 отсто се луѓе кои живеат во земји во развој, а во оваа статистика е и нашата земја- вели Ристовски.

Квалитетот на живот, пристапноста до кардиолошки прегледи, цигарите и неквалитетната храна се само дел од причините поради зголемувањето на бројот на инфаркти.

– Во побогатите индустриски земји ситуацијата е поинаква. Таму пристапноста до апаратура, но и до лекови е подобра. Побрзо се доаѓа до преглед, се работи на едукацијата на самите пациенти. Поинаков е начинот на живот, има помалку стрес, и мора да признаеме дека во развиените држави имаат подруга култура за живеење. Во последно време помладите со едукација порано доаѓаат на прегледи се со цел да имаат убава старост- вели Ристовски.

Според него првиот кардиолошки преглед зависи од пациент до пациент, но најдобро е тој да се направи од 25 до 30 години.

– Ковидот на кадиолошките болести влијаеше и директно и индиректно. Дирекнто самото воспаление влијаеше на воспаление на срцевиот мускул, а индиректно две години бевме затворени, се грижевме само за ковид пандемијата и за тие две години се запсотави таа кардиоваскуларна нега и испитувања- објасува докторот. Тој вели дека имаат пациенти од 20 до 90 години. Најмлад пациент кај кој вградил стент имал 25 години, а најстариот 90 години.

– Многу е битна превенцијата на болеста. Сите клинички симптоми се различни и често симптомите за миокарден инфаркт се слични со симптоми на други болести. Затоа е, многу битно да имаме превентива. Овде не се само систематските прегледи кои се прават на работните места туку и превентивни прегледи за секоја возраст. Обично еднаш годишно доволно е крвна слика и мерење на притисокот. Ако е во ред во наредните две години нема потреба за дополнителни испитувања- вели Ристовски.

Според него матичните лекари се први кои даваат препорака за преглед. Болка во гради, замор, болка во долна вилица се само дел од симптомите кои не треба да се игнорираат.

Болката обично трае од 5 до 20 мин. Ова е индикатор дека нешто не е во ред и дека мора да се јавите на лекар вели- кардиологот .

– Колку побрзо се интервенира толку се шансите за преживување поголеми. Цигари, исхрана и комплетна промена на начинот на живот се само дел од препораките кои им ги даваме на пацинетите после инфарктот. Но за жал малкумина се придржуваат на тоа и се враќаат на претходниот начин на живот- вели Ристовски.

Со докторот разговаравме и за причинителите за појава на кардиоваскуларни болести, за појавата на „шум на срце“ после ковид кај деца за промена на животните навики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот