ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Цаца Николовска: Нашиот мандат апсолутно не е да се редефинира Уставот, народот не треба да се манупулира

Маргарита Цаца Николовска - поранешен судија во ЕСЧП / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Претседателката на Работната група подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот Маргарита Цаца Николовска во гостувањето во емисијата „Утрински печат“ ги демантираше невистините кои ги лиферуваше опозицијата дека нивниот мандат е за редефинирање на македонскиот устав иако постојат низа документи од Собранието, Владата и Министерството за правда за тоа зошто и како е формирана Работната група.

-Нашиот мандат апсолутно не е да се редефинира Уставот. Тоа што одредени личности тоа сакаат да прикажат не знам од кај ги вадат. Тие велат дека имаат од внатре луѓе кои им доставуваат вакви информации. Ние во самата Работна друга, сме се договориле Јас ги повикувам тие ако постојат, ако лиферуваат одредени информации барем да лидферуваат вистински информации, да кажат што ние до сега сме работеле. Ние сме го работеле Деловникот токму заради овие ситуации да немаме бегање од овие ситуации, ние имаме бегање од тоа што ни е мандатот. Имаме и решенија коишто наведуваат што и како. Сè друго што политичките партии што зборуваат, тоа е нивно мислење, и не можеме да го стопираме или негирање, рече претседателката Цаца Николовска.

Таа нагласи дека нема никакво редефинирање на државата, на македонскиот идентитет и на она што значи Устав.

-Македонскиот идентитет преку јазик, преку постоење на народ е многу децидно наведен во апсплутно сите меѓународни и национални документи и да се прави само некоја збрка во целото ова опкружување не е во ред, не заради навредите што јас ги добивам, тие навреди нека им служат на чест на оние кои ги прават, меѓутоа народот треба да биде правилно информиран и не треба да биде манипулиран, нагласи Цаца Николовска.

Во моментов работната група работи точно на она што треба да се смени во Уставот, односно каде терминот „дел од народи“ зошто и самата преамбула така почнува „македонскиот и дел од албанскиот, дел од турскиот и ги наведува како „дел на народи“ каде тоа треба да се прошири во енумерирање, набројување на деловите на народи.

-Имајќи во предвид дека и самите уставотворци од самиот почеток при формулирање на Преамбулата и при формулирање на одредени членови на нормативните делови од Уставот во делот на дијаспората и во делот на Комитетот на заедници отвориле врата, оставиле отворена врата со зборот „и други“ и тука може да се вметнат и другите народи за коишто сега имаме и барања и обврска и тие народи да ги внесеме во Уставот како што на самиот почеток сме внеле одреден број на народи, вели Цаца Николовска.

Таа нагласува дека овие промени ќе бидат направени преку уставни амандмани зошто техниката на промена во Уставот е преку нив, а што тие ќе содржат е друго прашање, вели поранешната уставна судијка.

-Досега се накаде 36 амандмани и точно зборуваат на кој начин се менува таа одредена реченица во еден одреден дел од Уставот. И таа преамбула апсолутно се менува неколку пати и сега фактички во преамбулата ништо не се менува од она што значи вредности, коишто значи сите делови од народ и македонскиот народ треба да ги има во предвид и треба да ги почитува. Секој од тие делови од преамбулата нешто значи – и право и обврска, како на граѓаните така и на државата, односно на институциите на државата доколку овие елементи коишто се наведени не се третираат или не се извршуваат на начин којшто е во согласност не само со меѓународната регулатива, туку и со нашата домашна регулатива, рече Цаца Николовска.

На прашањето дали има сугестии да се издиференцираат двата народи бугарскиот и македонскиот и да се разликуваат по идентитет и јазик или нема такви предлози, Цаца Николовска одговори:

-Од една страна македонскиот идентитет и јазик а од друга страна бугарскиот идентитет и јазик во сите дискусии е третиран како различни вредности. Ние по пописот имаме 3.500 Бугари. Што тие направиле или не направиле за да ги извршуваат или неизвршуваат обврските. Тие тука живеат. Што е со Словенците, со Црногорците, со Власите? Конфликтот во историјата нека го решаваат историчарите. Ние овде третираме кои делови од народ живеат на територијата на Макеоднија  и какви права може да имаат. Ние сме се декларирарале како држава којашто е мултикултурна и мултиетничка, како држава која на сите им ги овозможува правата и слободите и како држава којашто е против дискриминацијата. Во сите овие контексти ако ги ставиме на една страна едните, а на друга страна другите народи секој треба да се праша со што овие народи коишто живеат во Македонија треба да бидат различни од другите народи. Не зборувам за однесувањето на дел од бугарската власт во однос на македонското прашање и во однос на идентитетот. Тие очигледно имаат повеќе чекори кон негирањето. Меѓутоа прашањето е што овие луѓе кои живеат на територијата на Македонија и имаат македонско државјанство треба да ги  сносат консеквенците на некои политичари од Бугарија, нагласи Цаца Николовска.

На прашањето дали Бугарија ќе ја прифати измената на Преамбулата во македонскиот устав, Цаца Николовска одговори:ж

-Тоа не го знам. Ние сме експерти и ние же внимаваме на тоа што значат меѓународни стандарди, национални стандарди и колку тие не се во спротивно со меѓународните стандарди. Умешноста е да њсе убедат и тие дека ние се однесуваме како држава која ги почитува правата и слободите. Еве младиот Пендиков прво се декларирал како Македонец, а потоа како Бугарин. Секој има право да го презентира своето мислење и секој има право да го менува своето мислење, рече Цаца Николовска.

Целото интервју со Маргарита Цаца Николовска погледнете го во видеото:

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот