ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Бујар Османи: Никој нема да може да формира влада доколку во наредните три месеци не обезбеди уставни измени

Бујар Османи - министер за надворешни работи / Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за утринската емисија „Слободен печат“ на Слободна ТВ говорејќи за европската перспектива на државата и можностите уставните измени да не се случат по изборите вели дека тоа не е можно.

– Никој нема да може да формира Влада без да обезбеди европски пат за државата. Тоа го кажувам и можам да ви потпишам сега дека никој нема да може да формира Влада, иако јас сѐ уште сметам дека има простор да се работи на уставните измени за мартовскиот самит на ЕУ и дека тоа е идеална прилика да продолжиме во наредните два-три месеци да се обидеме, но еве хипотетички, никој нема да може да формира Влада ако во наредните три месеци од таа Влада не обезбеди уставни измени. И тоа не е никаква закана како што може повторно некој да рече, туку такви се околностите геополитички. Еве, ова се снима, го потпишувам дека тоа така ќе биде, вели Османи.

Во однос на коментарите на ВМРО-ДПМНЕ дека доколку формираат влада со некоја од партиите на Албанците можат и да го раскинат договорот со Бугарија и прашањето за уставни измени да биде затворено, Османи со одговор дека тоа се приказни за мали деца.

– Тоа се приказани за мали деца. Тоа можат во кафеана да го разговараат сега пред новогодишните празници. Геополитичките околности се поинакви. Балканот е во сериозен предизвик. Под сериозно руско влијание. Внатрешните динамики исто така многу зависат од процесот на европскта интеграција. И регионалните се исто такви. И нема никој да дозволи од една успешна приказна која станува модел за сите други држави во регионот и пошироко, да изгуби заради таквите приказни за мали деца, вели Османи.

Тој вели дека ние сме земја членка на НАТО. Дел од сувереноста сме ја дале и на НАТО.

– Од нас зависи дали НАТО може да носи одлуки бидејќи одлуките се носат со консензус. Значи ние не сме веќе самодоволни или толку независни во овој процес затоа што сме прифатиле да бидеме дел од еден сојуз како што е НАТО. НАТО ни гарантира безбедност, но ние мора да продонесеме во стабилноста на НАТО. Тоа се рециопрочни поврзани садови. Тоа некој сѐ уште го нема сфатено како политичка елита и како народ дека откако сме прифатиле да влеземе во НАТО сме прифатиле да влеземе во сојуз со 30 најбогати, најмоќни држави во светот, во кој се координираме за меѓусебната безбедност, вели Османи.

Целото интервју со министерот за надворешни работи Бујар Османи погледнете го во продолжение: 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот