ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Анде Јанков: Авантурите на детективот Виктор Николов ќе добијат четврто продолжение

Анде Јанков/ Фото Драган Митрески/ Слободен печат

Книжевното дело „Само Бог простува“ во издание на Антолог се најде меѓу конкурентите за наградата Роман на годината. Тоа е четвртиот роман на Анде Јанков, но трет во низата во кој се опишуваат авантурите на детективот Виктор Николов.

– „Само Бог простува“ е третиот во низа роман од серијалот за полицискиот детектив Виктор Николов, книги кои барем засега се доста барани кај читателите. Со последното продолжение си зедов за слобода најмногу да го пренесам тоа што сакам да допре до публиката, а се однесува до одговорноста, односно дека само со голема одговорност за нашите постапки доаѓа до ослободување – вели Јанков во неговото интервју за Слободен печат.

Тој појасни и дека четвртото продолжение од серијалот ќе излезе во 2024 година со наслов „Кобајаши мару“. Инаку тука не е крајот на Виктор Николов, на кого Јанков му подготвува барем осум продолженија.

Целото интервју со Анде Јанков погледнете го на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот