ВИДЕО: Интер убедлив во Серија А, Специја лесен плен за тимот од Милано

Хоакин Кореа („Интер“) беше еден од стрелците во победата над Специја/Милано, Италија/20 август 2022/Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Фудбалерите на Интер во Милано ја совладаа екипата на Специја со 3:0, во натпреварот од второто коло во најсилното италијанско првенство.

Лаутаро Мартинез во 35 минута го постигна водечкиот гол, а предноста на „нераѕурите“ во 52 минута ја зголеми Хакан Чалханоглу.

Конечниот резултат го постави Хоакин Кореа во 82 минута за вкупно втора победа сезонава за играчите на тренерот Симоне Инзаги во Серија А.

Во следното коло Интер ќе му гостува на римски Лацио, а екипата на Специја е домаќин на Сасуоло.

Во другите денешни мечеви Сасуоло го совлада Лече (1:0), а мируваа мрежите на дуелот Торино – Лацио. Удинезе одигра без голови со Салернитана, иако беше помеѓу резервите на домашната екипа не настапи македонскиот напаѓач Илија Несторовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот