ВИДЕО: Инцидент во Собранието, Џафери ја заклучи салата и ги исклучи микрофоните

Принтскрин

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вечерва побара да се заклучат вратите од собраниската сала, за службите да ги пребројат пратениците, што наиде на остар протест од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. По заклучувањето на вратите, пратениците прашуваа врз основа на што заклучува собраниски врати, а тој одговори: „Деловникот“, јавува Макфакс.

На реакциите да не ги заклучува вратите, Џафери рече: „Јас наредувам. Спушти камера, затворете врата. Пребројте пратеници колку има“, а пратениците се собраа околу неговото место. Џафери одново реагираше: „Тргни се од тука, не сум те повикал. Тргни се од тука. Седете на свои места“.

„Кој ти дава право да заклучиш сала?“ го праша Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а Џафери кажа: „Деловникот“.

„Правото на движење е мое право“, му одговори Мицевски, а Џафери возврати: „Јас сум претседател на Собранието“.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, за вечерашните случувања во Собранието се обрати до јавноста преку социјалните мрежи:

„Автократот ги исклучи микрофоните. Неколку пати ги заклучуваат вратите, за пратениците од надвор да не можат да влезат во Собранието. Вака не се одлучува демократски. Ова е срамота, насилие. Ова се случува по скандалозното однесување кон собраниските службеници“, кажа Стојаноски.

Состојбата се смири откако службите ги пребројаа пратениците, по што вратите беа отклучени. Во салата беа присутни 38 пратеници. Џафери рече дека, согласно Деловникот, Собранието може да работи без кворум, но не може да одлучува.

Тој неколку минути пред 23 часот ја прекина 71. седница, на која почна расправата по 15. точка од дневниот ред: Дополнет предлог на закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот