ВИДЕО: И на Божиќ војната не стивнува, серија бомбардирања во украинскиот град Днипро

Фото: Твитер

Руските воздухопловни сили уште еднаш ја бомбардираа Украина со проектили.

Украинските медиуми утрово објавија дека има експлозии околу југоисточниот украински град Днипро.

Според набљудувачите, речиси десетина стратешки бомбардери истрелале крстосувачки ракети врз цели во Украина. Биле распоредени и хиперсонични ракети од типот Кинжал (Кама).

Во Украина беа издадени предупредувања за воздушен напад.

Земјата се брани од руската инвазија повеќе од 22 месеци. Москва веќе распореди илјадници проектили против цели во Украина.

Украинските власти вчера соопштија дека две лица загинаа, а две се ранети во руското гранатирање на Херсон, додека едно е убиено и двајца се ранети во напад на населба во близина на Купјанск во областа Харков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот