ВИДЕО I 101 лице го загубија животот во разорниот земојотрес што пред 42 години ја погоди Црна Гора и се почувствува низ цела СФРЈ

Тоа неделно утро, точно во 7:19:50 часот, земјата се тресеше од Херцег Нови до Улцињ, сеизмографите забележаа влијание од девет степени според Мерклиевата скала во епицентарот, што не беше во едно, но во цела низа точки на гранична линија со Албанија, па до Херцег Нови. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 30 километри, поради што се почувствувал толку жестоко во цела Црна Гора, а силните одгласи достигнале и до најоддалечените точки на поранешна СФРЈ.

101 лице го загубија животот, а повеќе од илјада беа повредени – 159 од нив сериозно.

Експертите проценуваа дека штетите изнесуваат околу 70 милијарди и 675 милиони динари – 4,5 пати повисоки од вкупниот годишен национален приход, а нивната санација траеше повеќе од една деценија.

Веста за катастрофата во светот најпрво ја испрати тогашниот дописник на „Политика“ од Бар, Божидар Бошко Милошевиќ, со помош на радиоаматери.

Земјотресот предизвика подеднакво големи разурнувања на широкото подрачје, сериозно настрадале над 250 населени места долж крајбрежјето и скоро сè што е создадено од човечки раце во неговата заднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот