ВИДЕО: Холандскиот судија Макели им се извини на Португалците!
Ситуацијата од финишот на мечот меѓу Србија и Португалија крена голема прашина во јавноста, најмногу поради реакцијата на Кристијано Роналдо и неговиот гол кој не беше признат во самиот финиш од натпреварот.
Препорачано
Србите имаа многу среќа затоа што судијата од Холандија Дани Макели, како и неговите помошници, не видоа дека топката ја помина гол-линијата и покрај интервенцијата на Стефан Митровиќ.
Роналдо беше убеден дека неговата репрезентација е оштетена, што се потврди и во забавено движење, а кога судијата од Холандија подоцна го виде тоа – реши да се извини.
Ретко се случува судиите да ги коментираат своите одлуки, особено затоа што тоа е забрането.
– Поради политиката на ФИФА, сè што можам да кажам е дека им се извинив на селекцијата Фернандо Сантос и репрезентацијата на Португалија за она што се случи. Како судиски тим, ние секогаш работиме да донесуваме добри одлуки и не сакаме кога ќе се случат вакви работи – рече Макели за португалската „А Бола“.
Нема сомнение дека холандската судиска екипа ќе биде строго казнета за ова, а ќе видиме дали и Кристијано Роналдо ќе биде казнет поради непримерниот потег на крајот од мечот.


