ВИДЕО | Хоџиќ: Бошњаците се интегрирани, треба да се работи на унапредување на нашите права

Џелал Хоџиќ, лидер на СДА во Македонија/ Фото: СЛободен печат

Бошњаците се интегрирани во Северна Македонија, тие се дел од Преамбулата на Уставот, имаме своја редакција во јавниот сервис, имаме редовна настава на образование на босански јазик, она што останува е според законот да ја подобриме правната застапеност и други механизми каде што партиципираме, вели Џелал Хоџиќ, лидер на Странка на демократска акција на Македонија во Утрински брифинг.

„Државата треба да создава кадар кој ќе предава на јазикот на помалкубројните заедници, па така и на босански јазик, но и во делот на остварувањето на сите граѓански права“, вели Хоџиќ.

За партијата која ја презеде неодамна, СДА, Хоџиќ вели на локалните избори настапуваат во коалиција со СДСМ, каде застапени се преку советничките листи, а се одлучиле на тоа поради прогресивните политики кои ги гледаат во партијата на власт.

Меѓу другото, зборувајќи за пописот, Хоџиќ вели Бошњачката заедница соработувала со оваа статистичка операција, бидејќи како што вели, важен е за да се креираат политики за зачувување на културните идентитети.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот