ВИДЕО | Хју Грант: Нема повеќе опивање и заљубување на сетовите поради мобилните телефони

Ана Елизабет Еберштајн и Хју Грант / 12 март 2023 / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Актерот Хју Грант смета дека мобилните телефони ги направиле филмските сетови „многу чудни“ бидејќи актерите повеќе „не се опиваат и не се заљубуваат едни во други“.

Грант дал коментар во текот на гостувањето во „The Late Show With Stephen Colbert“, каде го промовирал својот нов филм „Dungeons & Dragons: Honor Among Thieves“, базиран на познатата друштвена игра „Dungeons & Dragons“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hugh Grant (@hughgrantphotos)

Водителот Стивен Колберт го прашал актерот дали некој од неговите колеги се обидел да го натера да ја игра играта на која се базира филмот, по што тој признал дека не ја разбира.

„Мислам дека Крис Пајн повремено се обидуваше. Се зборуваше за тоа, но… не знам. Филмовите се сега многу чудни. Чудни се бидејќи во минатото, до крајот на втората недела сите навечер се опивавме и вечеравме, и се заљубувавме едни во други и сето тоа. Сè тоа престана поради телефоните. Сите одат дома и гледаат Твитер. Тоа е толку тажно“, изјавил Хју.

ВИДЕО | Гледачите шокирани од односот на Хју Грант кон Ешли Греам на оскаровскиот тепих

„Тоа значи дека, ако нема телефони на сетот, ќе има уште афери?“, го прашал водителот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hugh Grant (@hughgrantphotos)

„Да, мислам дека е така. Знаете, Тарантино забранил телефони на своите сетови и тоа е сосема во ред. А луѓето таму, тие меѓусебно имаат сексуални односи, така ми е кажано“, рекол Грант.

ВИДЕО | Ешли Греам се огласи за „најлошото интервју“ со арогантниот Хју Грант на Оскарите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот