Протест на земјоделците во Брисел/Фото: Didier Lebrun / imago stock&people / Profimedia

ВИДЕО | Хаос во Брисел: Палежи и демолирање на протестот на земјоделците пред Европскиот парламент

Сериозни инциденти се случуваат во Брисел пред зградата на Европскиот парламент, при што земјоделците палат гуми, фрлаат димни бомби и други предмети кон полицијата, пренесува CLpress.

Властите одговорија со солзавец надвор, додека земјоделците предизвикаа штета и на Плоштадот Луксембург.

Насилни протести на фармерите во Брисел/Фото: Didier Lebrun / imago stock&people / Profimedia

Во исто време, земјоделците што протестираат ги блокираа „Авенју де Артс“ и „Ру ду Луксембург“ со своите трактори.

Илјадници земјоделци се наоѓаат во белгискиот главен град за да протестираат против договорот ЕУ-Меркосур.

Тие велат дека се загрижени за можноста јужноамериканските производи да влезат во ЕУ и за реформата на земјоделските субвенции.

Договорот ЕУ-Меркосур ќе создаде најголемата зона на слободна трговија во светот и ќе ѝ помогне на ЕУ да извезува повеќе стоки како што се возила, машини, вино и жестоки пијалоци во Латинска Америка.

Фармерите изразија незадоволство од европските политики за земјоделството/Фото: Philip Reynaers / imago stock&people / Profimedia

Но, земјоделците тврдат дека тоа ќе го олесни и влегувањето на говедското месо, шеќерот, оризот, медот и сојата произведени од нивните јужноамерикански колеги во Европа.

ВИДЕО | Ноќна блокада на земјоделците во Брисел: Повеќе од 100 трактори ја блокираа авенијата пред Европската комисија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот