ВИДЕО | Хаос на Ф4 во Берлин: Масовна тепачка на грчки навивачи, едно лице се бори за живот

Фото: Screenshot

Голем скандал се случи на фајнл-форот од Евролигата во Берлин во текот на изминатата ноќ. Навивачите на грчките клубови Панатинаикос и Олимпијакос организираа масовна тепачка во престолнината на германскиот град, а според информациите од медиумите има повредени и уапсени.

Германските медиуми пренесуваат дека инцидентот започнал некаде околу 23:00 часот, а полицијата и брзата помош веднаш пристигнале на местото на нестото. Наводно, полицијата на железничката станица каде што се случил инцидентот опколила околу 70 лица кои учествувалењ во тепачката, но не успеале да спречат да настанат проблеми.

Надлежните служби соопштија дека повредени биле 12 лица, девет полесно, две потешко, едното лице било во критична состојба и докторите се борат за неговиот живот.

„Се уште не сме во можност да објавиме детални информации за насилниот инцидент“, изјави портпаролот на полицијата на Берлинер Кајтунг.

Од друга страна грчките медиуми пренесуваат информации од Берлин дека се случиле две одвоени тепачки, една пред железничката станица, друга пред еден хотел во градот.

Ќе потсетиме, Олимпијакос беше поразен во полуфиналето од Реал Мадрид и нема да се бори за шампионската титула, додека вториот грчки тим ќе се обиде да ги запре „кралевите“ во вечерашното финале кое се игра од 20:00 часот. Претходно од 17:00 часот Олимпијакос и Фенербахче ќе играат за третото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот