ВИДЕО | Гвантанамо: Слетувањето на првиот авион со имигранти депортирани од САД
Пентагон вчера соопшти дека во поморската база Гвантанамо пристигнал првиот авион со илегални имигранти, осомничени дека се членови на групата „Трен де арагуа“ и депортирани од САД. Министерството за одбрана на САД денеска објави и снимка од слетувањето на авионот со десет илегални имигранти, кои официјални лица во Вашингтон ги опишаа како „најлошите од најлошите“, јави „Гласот на Америка“.
Препорачано
Пентагон, според написите, преку писмено соопштение го детализираше процесот на префрлање илегални мигранти во заливот Гвантанамо, во кое се потврдува дека во поморската база пристигнал авион со десет нелегални имигранти.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп почна да ги депортира имигрантите во поморската база Гвантанамо на Куба, изјави во вторникот американската министерка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем.
Минатата недела Трамп нареди изградба на центар за притвор за имигранти во Гвантанамо за да се сместат до 30.000 „криминални имигранти“ кои тој ги дефинира како „најлошите криминални илегални имигранти кои му се закануваат на американскиот народ“, пренесува медиумот.


