ВИДЕО: Големата победа на Македонија во Палермо и во цртани филмови!

Италијанците не можеа против македонската одбрана/Фото: youtube/принтскрин/JustCartoons

Македонската А репрезентација се наоѓа на една победа од пласман на Светското првенство, а последна пречка во вторник (29 март) ќе биде селекцијата на Португалија.

Нашите најдобри фудбалери се вратија во Скопје каде што само дел од репрезентативците (поради УЕФА ковид протоколите) беа пречекани од навивачите на плоштадот „Македонија“.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски го елиминираа актуелниот европски шампион Италија, останува да се види дали за четири дена ќе приреди уште една голема сензација во фудбалскиот свет.

Доста реакции предизвика триумфот на Македонија во Палермо, доста луѓе не може да сфатат што им се случи на Италијанците кои важеа за главни фаворити.

Воедно на „Јутјуб“ се објавија два анимирани цртани филмови по повод победата на Македонија, многу фудбалски ѕвезди не може да поверуваат, други им се смеат на „аѕурите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот