ВИДЕО: Годините не влијаат на ракометниот „Крал“, Лазаров прогласен за МВП!

Фото: EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

Уште еден доказ дека Кирил Лазаров е еден од најдобрите светски ракометари, особено на неговата позиција десен бек.

И на 40 години блеска во дресот на најдобрата македонска репрезентација, а ново признание денеска доаѓа од ЕХФ.

Европската ракометна федерација го прослави нашиот ракометар за најкорисен (МВП) после првите две одиграни кола во квалификациите за пласман на наредното ЕП.

Во Скопје во победата над Финска (33:24) постигна 11 голови, а во Шафхаузен (23:25) во триумфот над Швајцарија реализираше шест погодоци. Моментно заедно со Финецот Макс Гранлунд со по 17 голови се најефикасни по првите две кола.

Македонија успешно го заврши првиот дел од квалификациите, направен е првиот важен чекор, најтешкиот испит секако ќе биде во март наредната 2021 година кога двапати ќе ги одмериме силите против Данска, а амбициите да се продолжи континуитетот учества на еврошампионатите треба да се потврдат во април и мај на возвратните дуели со Финците и Швајцарците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот