ВИДЕО: Го замени дресот со Фабињо, а потоа молеше да си го врати назад!

Фото: twitter.com/thefootyarena

Младиот фудбалер на Астон Виола, Луи Бери дебитираше за овој клуб во натпреварот од ФА купот против големиот Ливерпул.

Истиот играч се запиша и во листата на стрелците и нема сомнение дека овој меч со актуелните премиерлигашки шампиони нема да го заборави.

По завршувањето на дуелот, иако неговата екипа загуби со 4:1, беше многу задоволен од тоа што го покажа на теренот. На патот до тунелот се поздрави со ѕвездата на Ливерпул, Фабињо и си разменија дресовите.

Но, потоа се случи една комична ситуација, сето тоа беше снимено од камерите, еден од членовите на стручниот штаб на Астон Вила му рече на младиот Бери дека треба да го задржи дресот во кој дебитираше за својот тим.

Веднаш почна да го брка Фабињо, му ја објасни ситуацијата, Бразилецот веднаш сфати и му го врати неговиот дрес.

Децата на Вила ги испотија ѕвездите на Ливерпул

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот