ВИДЕО | Глен Клоуз за „Пред дождот“ во видео пред оскаровската церемонија: Никогаш не излезе од моите мисли

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Холивудската актерка Глен Клоуз зборуваше во промотивно видео пред оскаровската церемонија во кое на филмските уметници им се поставува прашањето кој филм ги инспирирал да посакаат да патуваат во некоја земја.

Во видеото Клоуз го избира токму македонскиот филм „Пред дождот“ на нашиот познат режисер Милчо Манчевски, кој беше номиниран за Оскар во категоријата најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

„Постои еден филм што се вика ‘Пред дождот’ и е снимен во Македонија. Очигледно е многу стар и многу работи се случувале на таа почва. Никогаш не излезе од моите мисли“, кратко вели Клоуз.

Инаку, филмот „Пред дождот“ годинава одбележува 30 години откако излезе во 1994 година. Најуспешниот македонски филм на сите времиња е добитник на над 30 меѓународни награди, меѓу кои и престижната „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција.

Оскари 2024: Триумф на „Опенхајмер“, освои дури седум статуетки на престижните филмски награди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот