ВИДЕО | Георгиевски: Обвинувањата од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Арсовски се тотална небулоза

Борис Георгиевски, поранешен градоначалник на општина Гази Баба
Борис Георгиевски, поранешен градоначалник на општина Гази Баба / Утрински брифинг

Во изминативе три дена ги следам изјавите на Димче Арсовски како портпарол на ВМРО ДПМНЕ. Во недостаток на капитални проекти на нивните градоначалници во изминативе 100 дена, обвинувањата треба да бидат некаков бенефит за нивната неспособност, вели за „Утрински брифинг“ Борис Георгиевски, поранешен градоначалник на општина Гази Баба.

– Арсовски треба да влезе кај нивниот градоначалник во општината, а не да дава сомнеж и прашалници од типот – дали постојат или не налози, бидејќи такви договори постојат, потпишани се, рекапитулирани се и исплатени. И тука работите мора да бидат јасни: Станува збор за сосема две различни работи – едно е тековно оддржување на уличното осветлување и имплементација за ЛЕД паметно осветлување.

Кавадарци на истиот начин се осветлува, Градот Скопје го има имплементирано ова. Тоа е сѐ со цел да се направи паметна општина за да се намали цената на струјата која што се плаќа како улично осветлување. Вистина дека инвестицијата е висока и треба да се врати во рок од три години, но долгорочно заштедата е некаде околу 70% од сегашната сметка што доаѓа.

Да не заборавиме, Димче Арсовски треба да провери зошто мојот колега Боби Стефковски за 2022 година со истата фирма има предвидено преку 20 милиони за тековно одржување на линиите, изјави Георгиевски околу обвинувањата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот