ВИДЕО | Георгиевска: Медиумите мора самите да се борат за сопствено унапредување

Биљана Ѓоргиевска/Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

Тажно е што медиумите сами не бараат свое унапредување и не бараат својата улога да ја унапредат кон еманципирачка за публиката и нивото на публика што го креираме останува со низок вкус, порача Билјана Георгиевска, извршна директорка на Советот за етика во медиумите во Македонија во интервју за „Слободен печат“.

„Медиумите подолг период не работат на европеизирање на општеството и на тој начин како на некој начин да ја поддржуваат онаа опција дека не мораме во Европа туку имаме друг правец, ќе одиме накај Азија“ рече таа.

Георгиевска смета дека медиумите често се поставуваат како играчи и учесници во политичкото милје, понекогаш заборавајќи на нивната основна улога.

„Токму предизвикувањето на фактите е главна состојка во еден новинарски продукт, за да се дојде до една јасна слика. Непосредно откако се вратив во земјава имав едно чудно искуство кога бев во АВМУ на состанок каде беа собрани претставници од телевизиите и се разговараше за тоа како да се однесуваат медиумите во еден ваков предизборен период и еден од директорите на една влијателна телевизија се побуни кога прашавме дали мора секое соопштение да се пренесе, а при тоа да не се предизвика, да не се провери, затоа многу од соопштенијата на партиите содржат лажни вести, ако не го провериш тогаш и ти пренесуваш лажни вести. Меѓутоа, човекот со сето искуство што го има зад себе и со сиот кредибилитет, вели дека „ако партијата има 10 соопштенија тоа се 10 настани“. За него тоа е настан што мора да се покрие, јас бев шокирана. Јас имам броено и многу често се случува ВМРО-ДПМНЕ да има 18 соопштенија на ден, а СДСМ потоа ја прифати таа игра и тој ПР или тој начин на комуникација, па некаде стигнуваат до кај 13-14 соопштенија дневно, во деновите кога јас сум броела, не велам дека така е секој ден. Зошто медиумите треба да го пренесува секое соопштение?“ вели Георгиевска.

Целото интервју со Билјана Георгиевска, извршна директорка на СЕММ погледнете го во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот