ВИДЕО: Фудбалерките на Деспина физички и вербално нападнати во Каменица

фото: принтскрин/Женски фудбалски клуб Деспина-Прилеп

По завршување на полуфиналниот натпревар во Каменица фудбалерките на Деспина-Прилеп беа физички и вербално нападнати, пренесуваат од клубот.

Во продолжение целото соопштение на Женскиот фудбалски клуб Деспина-Прилеп:

Во текот на натпреварот беа навредувани и се слуша како се упатуваат закани: „Нема да излезите од тука, да ви е..м племето, Прилеп ќе гори, убите ги итн“.

Креатор на целиот инцицент беше Мила Талевска, помогната од нејзиниот тренер, неговата сопруга и капитенот на Каменица.

Мила Талевска се повреди во Прилеп пред скоро два месеци на 05.03 2023 по што беше пренесена во Прилепската болница каде и е пружена потребната нега и помош. Од нашиот клуб по завршување на натпреварот капитенот Кате Милеска и тренерот Стеван Талески одат да ја посетат повредената Талевска по налог на претседателот на нашиот клубот.

Потребно беше да направат инцидент да напаѓаат и фрлаат со шишина по фудбалерки од по 16-17 години по Куп натпревар кој го добија и да се прават жртви дека некој намерно ги повредил?!?!? Зошто од домашната екипа е тргнат од Youtube полуфиналниот натпреварот од 25.04.2023 каде се слушаат само навреди и закани, а ќе биде објавено видео од 26 секунди во прилог на ова соопштение. На Мила Талевска и посакуваме што побрзо да се врати на терените и успешно да ја продолжи кариерата – стои во соопштението на ЖФК Деспина-Прилеп.>

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот