ВИДЕО: Френсис Тиафо ги загуби нервите, САД го загубија мечот против Холандија во Дејвис купот

фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Големи борби се водат во Дејвис купот за пласман на финалниот турнир во Малага, а во групата која се игра во Сплит, Хрватска, имаше инцидент предизвикан од американскиот тенисер Френсис Тиафо.

Американецот и 11 тенисер во светот бркаше негатива што ја имаше неговата репрезентација на мечот со Холандија по поразот на Томи Пол од Ботик ван де Зандшулп (7:6, 6:2).

Тиафо играше против 24 играч во светот Талон Грикспор и го загуби првиот сет со 6:3, а вториот сет го доби во тај-брејк со 9:7. Драма следеше во третиот сет, каде во тај-брејкот Холанѓанецот поведе со 5:2 и сервираше ас кој беше досуден како аут.

Тиафо беше на топката, но не ја префрли на другата страна, па по еден „челенџ“ и очигледно добра топка, бодот му беше доделен на Гриксспор.

Беше 6:2, а потоа Тиафо крајно незадоволен кон судијата на стол.

– Како вчера во ваква ситуација се повтори поенот, а сега му е е доделен?!“ – беа зборовите на Тиафо кон судијата и потоа почна да удира со рекетот по теренот.

Поради ова тој беше санкциониран со одземање поен со што Грикспор од 6:2 дојде до 7:2. Со тоа го доби третиот сет, воедно и го доби мечот, а со тоа и Холандија ги победи Американците бидејќи стигнаа до недостижни 2:0 пред мечот во двојки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот