ВИДЕО: Фрајбург останува во игра за Лигата на шампионите

фото: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Фудбалерите на Фрајбург го победија Волфсбург со 2:0 во првиот натпревар од 33 коло на Бундес лигата. По оваа победа Фрајбург остана на петтото место со ист број бодови како Унион Берлин, но со натпревар повеќе од тимот од Берлин.

Првиот гол го чекавме до 71 минута кога Кристијан Гунтер му донесе водство на својот тим.

А само четири минути подоцна Нилс Петерсен ја зголеми предноста на својата екипа и на крајот тоа беше конечниот резултат на натпреварот кој се одигра пред повеќе од 33 илјади луѓе на стадионот „Европа-Парк“ во Фрајбург.

Во следното и последно коло Фрајбург му гостува на Ајнтрахт, а Волфсбруг последниот меч оваа сезона ќе го има на свој терен против Херта.

Бундес лига, 33 коло –

Петок:
Фрајбург – Волфсбург 2:0 (0:0)

Сабота:
15.30 Шалке – Ајнтрахт Франкфурт
15.30 Херта – Бохум
15.30 Хофенхајм – Унион Берлин
15:30 Вердер Бремен – Келн
18.30 Баерн Минхен – РБ Лајпциг

недела:
15.30 Мајнц – Штутгарт
17.30 Аугсбург – Борусија Дортмунд
19.30 Баер Леверкузен – Борусија Менхенгладбах

Табела: Баерн Минхен 68 бодови, Борусија Дортмунд 67, Лајпциг 60, Унион Берлин 59, Фрајбург 59, Баер Леверкузен 49, Волфсбург 49…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот