Запросување на Пелистер / Фото: Фејсбук

ВИДЕО + ФОТО | Запросување на -28 степени: планинар ја побара за жена својата сакана на врвот Пелистер

Искачувањето „Први на Први“ на врвот Пелистер (2601 м.н.в.) оваа година беше одбележано со романтичен гест кој сигурно ќе остане врежан во историјата на овој традиционален настан.

И покрај екстремно отежнатите услови, со температури од -28°C и силен ветар кој достигнуваше брзина од околу 50 km/h, планинарот Дарио Петровски ја искористи можноста и на највисоката точка на планината Баба ја запроси својата сакана, Мишела Панајотова, објави Апла.мк.

„Беше потребно да се вложи многу повеќе сила за да се совладаат алпските климатски услови кои ги имаше ова утро на Пелистер. Сепак, магичните бои на првото изгрејсонце во 2026 беа одлична можност за Дарио Петровски на 2601 м.н.в. да ја запроси неговата сакана Мишела Панајотова,“ вели организаторот на овој традиционален планинарски потфат.

Дарио и Мишела, инаку искусни планинари кои живеат и работат во Германија, специјално се вратиле во Македонија за да учествуваат на „Први на Први“. Ова дефинитивно е настанот кој го одбележа овогодинешниот масовен собир на првиот ден од новата година.

Наспроти студот и ветерот, парот докажа дека нивната љубов е силна како планина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот