Пожарникари спијат на асфалт во Грција / Фото: социјални мрежи

ВИДЕО/ФОТО: Пожарите го зближуваат Балканот – грчки и албански пожарникари спијат на асфалтот, куче гасне во Црна Гора

Често раскараните и по многу основи разделени балкански држави деновиве конечно се обединуваат, но од неубава причина – ги зближуваат пожарите кои беснеат во целиот регион. Хрватска и Србија ѝ испратија помош на Црна Гора во справувањето со пожарите кои досега изгореа илјадници хектари шума. Во Грција, пожарникарите со денови без престан се борат со огнената стихија на десетина критични точки во земјата. Грчки авиони летово помагаа во Македонија.

На социјалните мрежи е објавена фотографија од Грција што ја илустрира натчовечката борба со огнот – група пожарникари спијат на асфалтот, во ретките моменти кога можат да здивнат. Слично е и во Делвина, Албанија, каде локалните пожарникари се фотографирани како „фаќаат“ куса дремка на јавна површина.

Пожарникари спијат во Делвина, Албанија / Фото: gazetaexpress.com
Пожарникари спијат на асфалт во Грција / Фото: социјални мрежи

Во видео, пак, за кое на социјалните мрежи се вели дека е од Црна Гора (за што сепак нема потврда), се гледа како куче-волчјак активно гасне запалена сува трева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот