ВИДЕО+ФОТО | Љубезен робот во Јапонија ги потсетува луѓето да носат маски и да држат растојание

youtube
принскрин

Да се побара од клиент да стави маска е чувствителна работа дури и за време на пандемија, па затоа јапонска продавница таа задача му го доверила на еден робот.

„Извинете што ве вознемиривте, но дали можевте да ставите маска“, прашал мал робот што се движи на две тркала кога му се доближил на клиент со откриено лице, се вели во видеото објавено од производители на машини преку Интернет.

youtube
Принтскрин / Youtube

„Ви благодарам на разбирањето“, вели роботот и ја наведнува главата како благодарност откако лицето кое љубезно ќе е опоменато ќе стави заштитна маска.

Името на овој љубезен робот е Славес. Дипломатскиот робот своето прво работно место го добил во спортска продавница во Осака во западна Јапонија, како дел од истражувањето спроведено од АТР од Кјото, неговиот производител.

Опремени со камера и ласер за откривање роботите можат да идентификуваат клиенти кои не носат маска и кои стојат премногу блиску во редот до некој друг клиент, а притоа и љубезно да ги замоли да го задржат потребното растојание.

Јапонија е многу помалку погодена од пандемијата отколку другите земји, но моментално инфекцијата со коронавирусот повторно расте и кај нив, а вчера беа регистрирани рекордни 2.200 нови случаи на инфекција.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот