ВИДЕО+ФОТО | Атиџе запеа со младата и талентирана Дени Жерновска

Пријателството на Сузана Турунџиева и хероината од „Медена земја“ Атиџе Муратова стана од омилените приказни на македонската јавност.

Едноставно сите уживаме во нивните дружби и со задоволство ги следиме сите нивни заеднички моменти кои Турунџиева ги споделува на социјалните мрежи.

Овојпат, Сузана ја врати Атиџе во школските клупи во Основното училиште „Гоце Делчев“ во Скопје со една посебна причина.

Атиџе е човек кој премногу ги сака децата. Мојата ученичка Дени Жерновска е осмооделенка која премногу ја сака Атиџе и музиката. Денес, одлучив да ја исполнам нејзината желба и да им пружам можност (на дистанца) да се запознаат и заеднички да запеат“, напиша Турунџиева во својата објава на „Фејсбук“.

Дени е предвремено родено дете со исклучителен талент. Таа пишува песни, изработува честитки и пее во училишниот хор. А физичката попреченост не ја спречува да посетува и часови по танц.

Турунџиева на својот фејсбук-профил сподели и дека деновиве со Атиџе имаат онлајн активности и дружења со нејзините ученици.

Таа ни беше гостинка на часовите по Танци и народни ора и Проекти од музичка уметност, а тие беа воодушевени од нејзиното уникатно животно училиште и со огромно внимание ја слушаа додека таа им пееше и им раскажуваше за обичаите, фолклорот и особеностите во нејзиниот крај. Бесценето“, вели Сузана.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот