ВИДЕО | Филмски грабеж на златарница во Србија: Разбојникот однесе злато вредно 400.000 евра
Порталот „Санџак данас“ дојде до снимка од безбедносните камери од златарницата „Џул голд“, која се наоѓа во самиот центар на Нови Пазар, кои фрлија дополнителна светлина врз утринскиот вооружен грабеж.
Препорачано
Маскираниот разбојник за три минути однесе повеќе од три килограми златен накит, вреден околу 400.000 евра.
На видеото јасно се гледа како крадецот, облечен во темна јакна и со капа на главата, држи пиштол во левата рака, додека во десната има солзавец. Во еден момент, тој се приближува до шалтерот и го гледа златото, потоа одеднаш го вперува пиштолот во продавачката, а потоа ја онеспособува прскајќи ја со спрејот, пишува „Санџак Данас“.
VIdeo portala Sandžak Danas pic.twitter.com/pbJqLAbh3F
— Sandzak Danas (@DanasSandz9154) December 23, 2025
Според неофицијални информации, криминалистичката полиција и форензичките експерти спровеле детална истрага, заплениле материјални докази и траги и анализираат снимки од безбедносните камери, како од самата златарница, така и од околните згради на улицата каде се наоѓа овој објект во Нови Пазар.
Жената вработена во златарницата била згрижена и таа не е повредена, но претрпела силен стрес и последици од солзавецот.
Дрскиот грабеж ги вознемири жителите на Нови Пазар, а тој беше извршен во фреквентниот центар на градот наутро, пред очите на бројни минувачи.


