ВИДЕО | Филиповска – Грашковска: Потребни се мали законски измени за поефикасна работа на инспекцискиот совет

Изминатава година имаше зголемен обем на работа кај сите инспекторати. Инспекцискиот совет ги координира инспекциските служби, но и ја контролира нивната работа, така што до нас редовно пристигнуваат претставки за нивната работа. Во текот на минатата година имаше помалку претставки против инспектори во однос на претходните. Процентуално најзастапени секогаш се пазарната, трудовата инспекција, но има други причини за тоа. Во суштина станува збор за најголеми инспекциски служби, со најголем број на инспектори, но и инспекциски служби кои контролираат и најголем број на субјекти. Тие ги контролираат буквално сите правни лица регистрирани во државата. така што очекувано е да има почесто поплаки за овие инспекциски служби, изјави во Утрински брифинг, претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашковска.

Стариот закон за инсекциски надзор утврдуваше само една единствена мерка, доколку се утврди дека некој инспектор е дисциплински одговорен, а тоа беше одземање на лиценца и престанок на работен однос. Согласно тој закон постапката беше уредена на следниот начин – инспекцискиот совет формираше комисија во која членуваа лица кои не се вработени во инспекцискиот совет. Таа комисија водеше постапка и доколку одлучеше дека е одговорен го известуваше инспекцискиот совет и тој одземаше лиценца. Имаше многу негативни реакции на ова законско решение. Ова законско решение беше тешко изводливо. Сега законското решение е поинаку. Самата иснтитуција ја води постапката, со тоа што инспекцискиот совет има надлежност да достави иницијатива до директорот и да побара дисциплинска постапка против инспектор за кои што ги собрал сите документи и анализи од неговот постапување. Во текот на оваа една година заклучивме дека се потребни мали измени и реагиравме до соодветното министерство.

Она што беше укажано од наша страна е дека инцијативата на инспекцискиот совет треба да биде задолжена за отпочнување на дисциплинска постапка, да не се остава простор на раководството да толкува дали инспекцискиот совет основано или неосновано побарал дисциплинска. Бараме и мала законска измена за рокот на поведување на дисциплинска постапка од денот на сторување на прекршокот од страна на инспекторот.

Целиот разговор погледенете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот