Ла Зара
Ла Зара / Фото: Инстаграм/Ла Зара

ВИДЕО | Евровизиските фанови во транс: Француската песна е апсолутен фаворит за победа

Пејачката Ла Зара ќе ја претставува Франција со песната „Évidemment“ (превод: „Очигледно“) на годинашното издание на Изборот на песна за Евровизија, откако победи на националниот избор.

Евровизиските обожаватели се восхитени од француската песна, а коментарите на социјалните мрежи се, генерално, позитивни. Многумина ја сметаат за најубава песна годинава и ја прогласија за апсолутен фаворит за победа на музичкиот фестивал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by La Zarra (@la_zarra)


Ла Зара, чие вистинско име е Фатима Захра Хафди, е 25-годишна канадско-француска пејачка. Таа е родена во Монтреал, Канада, во семејство со мароканско потекло. Исто така, таа е голем обожавател на Евровизија.

Кога станува збор за музиката, таа е целосно самоука. Сепак, таа бргу почнала да пишува свои композиции инспирирани од нејзините искуства и длабоки емоции. Нејзините обожаватели истакнуваат дека „нејзиниот специфичен глас ѝ овозможува да ги пренесе своите чувства на публиката преку музика со единствен кредибилитет“.

Ла Зара ја опишува песната „Évidemment“ како „универзална љубовна песна“ и „химна што секој може да ја пее“.

Како потсетување, годинашното издание на Евровизија ќе се одржи од 9 до 13 мај во Ливерпул, Велика Британија.

Минатогодишен победник на Евровизија беше украинската група „Калуш Оркестра“, кои се искачија на првото место со песната „Стефанија“.

Повеќе евровизиски вести:

„Би-би-си“ за контроверзната песна на „Лет 3“: Нема место за политика на Евровизија

Ќе ја претставува Италија на Евровизија: Марко Менгони по 10 години пак на тронот на Санремо

Дали оваа песна ќе победи на Евровизија? Веќе е хит на ТикТок!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот