ВИДЕО | Ентони Дејвис во последните секунди му донесе триумф на Далас
Не беше лесно за Далас оваа пролет, но тимот ја одржува надежта за пласман во плејофот во НБА лигата. Во меч кој се решаваше во последниот напад, кошаркарите на Маверикс победија против Атланта со 120:118.
Препорачано
Ентони Дејвис на синоќешниот дуел го имаше најдоброто издание откако го облече дресот на Далас. Постигна 34 поени, 15 скока и пет блокади, но она што најмногу ќе се памети е неговиот победнички кош на три секунди до крајот на натпреварот.
Математички е невозможно Маверикс да се пласираат во првите шест екипи во Западната конференција, но оваа победа многу им помогна во одржувањето на плеј-ин позицијата.
Тимот моментно е деветти на табелата со учинок 38-39, а имаат само две победи повеќе од Сакраменто на 10. позиција и три повеќе од Феникс на 11. место. Од друга страна, Атланта е во слична ситуација како Далас, на Истокот има учинок од 36-40 што е доволно добро за осмата позиција.
НБА лига, резултати:
Кливленд – Њујорк 124:105
Индијана – Шарлот 119:105
Вашингтон – Сакраменто 116:111
Бостон – Мајами 103:124
Хјустон – Јута 143:105
Далас – Атланта 120:118
Денвер – Сан Антонио 106:113
Оклахома – Детроит 119:113
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 114:98
ANTHONY DAVIS WINS IT FOR DALLAS IN THE FINAL SECONDS 🚨🚨
HITS THE FLOATER OVER TOUGH COVERAGE TO SECURE IT!! pic.twitter.com/vCvDYXg2oV
— NBA (@NBA) April 3, 2025


