ВИДЕО | Емануел стана вирален хит: Ѝ го „згорчува“ животот на фармерката Тејлор Блејк, не обожава камери!

Тејлор Блејк
Фармерката Тејлор Блејк и емуто Емануел / Фото: Принтскрин/Фејсбук

Емуто Емануел е жител на „Knuckle Bump Farm“ во Јужна Флорида, САД каде фармерката Тејлор Блејк се обидува да направи информативни видеа за животните кои потоа ги споделува на нејзиниот тикток-профил со нејзините следбеници. Но, се чини дека на Емануел не му се допаѓа нејзиното хоби.

„Емануел, не го прави тоа“

Во видеото, кое стана вирален хит, може да се види компилација од најголемите хитови на Емануел и се слуша како Блејк постојано му вели: „Емануел, не го прави тоа“. Блејк дури се обиде и со обратна психологија велејќи му: „Ајде, направи го тоа“, мислејќи дека ќе престане да ја крши камерата, но ниту тоа не помогна.

Хит на „TikTok“

Секој нејзин обид за снимање видео завршува со тоа што Емануел се обидува да ја турне камерата, а потоа кога ќе успее, може да се види како ја колва. Како резултат на тоа, ему што воедно е вид птица слична на ној брзо стана популарен и луѓето на Интернет го сметаат за смешен.

Палавото ему го следат над 800.000 луѓе

Тикток-профилот на фармата „Knuckle Bump“ го следат над 800 илјади луѓе, а најгледани видеа се токму оние видеа каде во преден план се палавиот Емануел и беспомошната фармерка Блејк, која се обидува да го спречи во намерата да ја уништи камера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот