ВИДЕО: Елмас и Наполи со чекор назад во борбата за шампионската титула

„Наполитанците“ ги разочараа домашните навивачи на дуелот со Фиорентина/Неапол, Италија/10 април 2022/Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Денеска во рамките од 32 коло во Серија А составот на Наполи на домашен терен загуби од Фиорентина со 2:3. После првото полувреме на стадионот во Неапол водеа „виолетовите“ со голот на Гонзалез во 29 минута од средбата.

Само две минути од неговото влегување во игра, резултатот го израмни Мертенс после асистенцијата на Осимхен. За период од шест минути гостите нови два гола преку Иконе во 66 и Кабрал во 72 минута.

За домашниот состав од 80 минута како замена за Инсиње настапи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, но тоа не смени ништо на теренот. „Наполитанците“ само успеаја да го ублажат поразпт преку Осимхен.

Тимот на Лучано Спалети е на третата позиција со 66 бодови од 32 натпревари, зад Милан (67) и Интер (66) кои имаат по еден меч помалку. Фиорентина е седмопласирана со 53 бодови.

Удинезе стигна до втората победа во низа откако славеше на гостувањето кај Венеција со 1:2. За екипата од Удине на клупата беше нашиот напаѓач Илија Несторовски, но не доби минутажа.

Удинезе е на 12 место со 36 бодови, додека Венеција е на 18 место со 22 бодови. Сасуоло триумфираше над Аталанта (2:1), додека Лацио убедливо ја надигра Џенова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот