ВИДЕО: Експлозија во хотел во срцето на Хавана, – најмалку четворица мртви, 19 повредени

Експлозија во Хавана, Куба/ Фото ADALBERTO ROQUE / AFP / Profimedia

Силна експлозија се случила во хотел во центарот на Хавана, соопштија кубанските медиуми, а сведок за Ројтерс вели дека видел чад и пламен како доаѓа од зградата. Во експлозијата имало најмалку четворица мртви и 19 повредени, јави Гардијан.

Фотографиите од Гранма, официјалниот дневен весник на кубанската комунистичка партија, покажаа слики од повеќекатниот хотел Саратога чии ѕидови се чинеше дека биле разнесени од експлозијата на неколку катови.

Полицијата и спасувачките работници се собраа на местото на настанот, блокирајќи ги клучните точки и зградите во близина, вклучувајќи ја и историската зграда Капитолио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот