Експлозија пред суд во Исламабад/Фото: Икс

ВИДЕО | Експлозија пред суд во Исламабад, најмалку 12 загинати

Во експлозија што се случи денеска во главниот град на Пакистан, Исламабад, загинаа 12 лица, а 20 се повредени, соопшти болницата на Пакистанскиот институт за медицински науки.

Безбедносен извор во Пакистан за Си-ен-ен изјави дека експлозијата во близина на Високиот суд во градот рано утрово се истражува како самоубиствен напад.

Експлозијата, најверојатно на автомобил-бомба се случила во близина на влезот на судот во Исламабад, во област обично преполна со граѓани и адвокати.

„Истражуваме за каков вид експлозија станува збор. Сè уште не е јасно. Ќе можеме да дадеме повеќе детали кога ќе го добиеме извештајот од форензичкиот тим“, рече портпаролот на полицијата.

Локалните медиуми објавија снимки од местото на настанот на кои се гледаат крвави луѓе како лежат во близина на полициско возило, но Ројтерс не беше во можност независно да ја потврди автентичноста на снимката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот