ВИДЕО: ЕК избриша твит со тежок гаф на претседателката Фон дер Лајен

Фото: Твитер/принтскрин

Европската комисија вечерва ја избриша објавата со видеоизјава на претседателката Урсула фон дер Лајен, во која таа рече дека во војната во Украина досега загинале „100.000 украински офицери“, а овој гаф беше избришан и од пишаното соопштение на шефицата на ЕК.

Таа во објавата наведе дека е неопходно Русија да се повика на „меѓународна одговорност“ поради случувањата во Украина и да се употребат замрзнатите руски средства за обнова на Украина.

Во прилог на тоа, Фон дер Лајен истакна дека од почетокот на „специјалната воена операција“ на Русија „според досегашните проценки загинале над 100.000 украински офицери и над 20.000 цивили“.

Откако твитот беше избришан и заменет со нов, во кој од снимката е „исечен“ спорниот дел, на Твитер се појави споредба меѓу двете видеа:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот