ВИДЕО | Дувњак и Вујиќ за пресудата за „Талир 2“: Финансирањето на политичките партии е сива зона и покрај регулативата

Гордана Дувњак и Мирослав Вујиќ/Фото: Слободен печат

Скопскиот кривичен суд вчера донесе пресуда за случајот „Талир 2“ со која екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и екс премиер Никола Груевски доби затворска казна, а генералниот секретар Божиновски условна. Судот исто така побара  и конфискување на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ како и на 30-тина партиски штабови на партијата низ целата земја.

– Одлуката околу „Талир 2“ беше очекувана, затоа што уште од самиот старт се побара од страна на тогашното СЈО да се замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ и триесетина други партиски штабови низ државата. Препоставувам дека судот ценел тоа што обвинетитот Божиновски беше постојано присутен на судењето, соработувал со обвинителството и судот и на некој начин, во споредба со Груевски, изјави во Утрински брифинг новинарката и уредничка на „Фокус“, Гордана Дувњак. Но не треба да заборавиме кои се актери во целиот овој предмет и да не заборавиме дека на некој начин тоа е резултат и последица на „Скопје 2014“, каде што фирмата „Бетон“ беше една од најактивно вклучените фирми. Самата зделка помеѓу врвот на ВМРО и фирмита, некако логично е предмет на конфискација е да биде тој имот, додава таа.

Според адвокатот Мирослав Вуjиќ сите ние имаме право да поседуваме имот, но тој имот се знае на кој начин се стекнува.

Ова не е преседан. Конфискација на имот, нелегално стекнат, по Закон мора да се одземе. Овде политичката партија, односно нејзинот седиште, е наводно финансирано со нелегално стекнат имот, односно со нелегални пари. Пари кои што не можеле на друг начин да ги финансираат, односно да ги добијат по пат на донации, вели Вуjиќ.

И во времето на Љубчо Георгиевски имаше обиди партијата да го зголеми имотот, но се виде дека тоа е спротивно на законот, па имот се префрлаше на други лица и тука многу помогна екс претседателот на Врховен суд Јово Вангелов кој во тоа време беше адвокат на партијата, рече Дувњак.

Сите вакви одлуки не се политички, ниту политички димензионирање, нагласи Вујиќ.

Овој случај треба да отвори сериозна дебата околу начинот на финансирањето на политичките партии е сива зона и покрај толку регулатива, рече Дувњак.

Целата анализа и за другите состојби во македонското судство погледнете ја во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот