ВИДЕО | Дулови: Без да дадат „пас“ странците за ново мнозинство, Владата на Заев ќе опстои

Лирим Дулови, новинар / Утрински брифинг

Три фактори влијаеја на резултатите на изборите за СДСМ. Затворањето на патот на ЕУ за Македонија, болните компромиси што ги направи Зоран Заев и блокадата на Бугарија. Лошите политики на власта на крајот на изборите беа казнети од граѓаните, вели за Утрински брифинг новинарот и сопственик на „КОХА“, Лирим Дулови.

– Меѓу другото, граѓаните очекуваа и поголем напредок во борбата против корупцијата и правото, дефинитивно гласачите очекувале многу повеќе тука и затоа на овие избори не испорачаа за СДСМ. Ова особено може да се заклучи и според бројот на гласови во Скопје каде имаме преполовување на гласачкото тело. Кај ВМРО-ДПМНЕ ситуацијата е различна, партијата успева да го задржи својот електорат и бројот на поддржувачи останал ист сите овие години, вели за Утрински брифинг Дулови.

Целиот разговор проследете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот